ОВР-Кичево поднесе кривични пријави против З.К.(61) од Кичево, А.М.(30) и Ш.А.(51) двајцата од село Преглово, како и против правното лице „Фино Лес“ за сторено казнено дело-кражба. Првопријавениот З.К. како раководител на Ш.С. „Лопушник“ ја злоупотребил својата положба и спротивно на Законот за шуми, во име на подружницата со правното лице „Фини Лес“ претставувано од Ш.А., склучил договор за купопродажба на 818 метри кубни буково огревно дрво.
Првопријавениот ова го направил иако знаел дека правното лице не поседува лиценца за вршење на оваа дејност, со што му овозможил купување на дрва во вкупна вредност од 1.804.998 денари. Пријавениот А.М. вработен како сечач во Лопушник, при реализирање на овој договор извршил бесправна сеча на 36 немаркирани стебла од шума во државна сопственост во вкупна вредност од 69,21 метар кубен, кој заради препродажба ги одзел претставникот на правото лице „Фино Лес“ – информира Стефан Димовски портпарол на СВР-Охрид. З.А.