Ќе бидат поднесени кривични пријави против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, против продукција „Томато“ каде што беше сместена 1ТВ, како и против сопственичката на „БМЈ груп“, информираше УЈП на денешниот брифинг.
Управата за јавни приходи ги товари за затајување на даноци во вкупна висина од над 20 милиони денари. Според информациите, во работењето на 1ТВ исто така има неправилности, но тие не се доволни за поднесување кривична пријава.
1ТВ му го префактурирала мебелот на Јовановски кој е првоосомничен во случајот „Рекет“, откако тој поднесе неотповиклива оставка од функцијата во Меѓународниот сојуз и се наоѓа во притвор. Станува збор за трпезариска маса, гарнитура и други предмети кои Јовановски е должен да ги плати. Тука спаѓаат и набавките на карти за концерти кои биле евидентирани како приходи, но за нив не е платен данок.
Од УЈП информираат дека Јовановски има примерок од записниците, но не ги потпишал. Тој е запознаен со содржините, а според законот за општоуправна постапка кога во случаите даночниот обврзник има примерок од записникот, тој е уредно доставен. В.Т.