Полицијата поднесе кривични пријави против 45-годишна жена од Куманово вработена во Управата за безбедност и контраразузнавање за „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против 48-годишен скопјанец вработен во Универзитетот за туризам и менаџмент „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“ бидејќи и помогнал без уплата на школарина и испити да се стекне со диплома и притоа да го оштети Универзитетот за вкупно 389.500 денари, јавува МИА.
Кривична пријава е поднесена и против правното лице Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информираат денеска од МВР.