Охридската полиција поднесе кривични пријави против тројца жители од овој град – Љ.Р.(32), Д.Р.(37) и И.Џ.(32), поради сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Како што информираат од МВР, по сообраќајна незгода која се случила на 19-ти минатиот месец, на крстосницатата на булеварот „Туристичка“ со ул. Стив Наумов, пријавените физички ги нападнале полициските службеници кои преземале службени мерки.