Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Вршење јавен превоз без поседување на лиценца“, ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против Т.К. и Н.Л. како и против правно лице, сите од Кичево.
При контролата извршена на 22.10. минатата година, во Кичево, полициските службеници еден од двајцата пријавени, го затекнале при вршење јавен превоз на патници со моторно возило „фолсваген-голф“ сопственост на правното лице.
Притоа констатирале дека тој не поседува извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници, што било обврска на правниот субјект преку Н.Л. како одговорно лице.
З.А.