Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 25-годишник од тој град, со иницијали Е. В., поради сомнение за сторено кривично дело насилство.
Како што информираат од МВР, на 5 јули годинава, во училиште за странски јазици во Тетово, пријавениот физички го нападнал својот 53-годишен сограѓанин со иницијали Р. Ф.