Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга.
Според информациите на МВР, И.Е.(36) е осомничен дека на 3 август минатата година ја усмртил жената со удари со тврд предмет во главата.
– Осомничениот во куќа на ул. Гарибалди во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б.(33) од Скопје, поради меѓусебно недоразбирање, физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што Х.Б. починала на местото – соопштија од МВР.
По тоа, пријавениот И.Е. наводно го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на село Горно Оризари, Скопско, покрај патот што води од населба Шуто Оризари кон Горно Оризари.
Телото било пронајдено два дена подоцна, на 5 август.