Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (24) и А.Б. (18) од Скопје поради кривични дело „насилство“ предвидено и казниво по чл.386 од КЗ и известување во врска со настани случени на 13.09.2020 година и 19.09.2020 година кога повеќе лица „редизвикувале национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ согласно чл.319 од КЗ.
Кривичната пријава е поднесена за настан случен на ден 20.09.2020 година околу 00:15 часот кога А. Р. (припадник на навивачка група) додека бил со други лица во Градски парк бил нападнат од О.С. и А.Б. исто така припадници на навивачка група, а првопријавениот О.С. го нападнал со нож. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, а сторителите се приведени.
Известувањето до ОЈО е поднесено во врска со настан којшто се случил на 13.09.2020 околу 14:50 часот, поточно непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија на Национална арена Тодор Проевски – Скопје, каде навивачи движејќи се кон арената извикувале навредувачки пораки со кои предизвикале национална омраза и нетрпеливост, како и настан случен на 19.09.2020 околу 15:00 часот непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу Ф.К. Македонија Ѓ.Петров и Ф.К. Вардар, на бул.Ѓорче Петров во Скопје, соопшти полицијата.