Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.М. (24) од струшкото село Велешта и П.О. (27) од Либражд – Република Албанија.
Пријавените, како што соопшти СВР Охрид, казненото дело го сториле на 3 август годинава во 3 часот и 45 минути на бензиска пумпа во близина на Велешта.
– Тие влегле во објектот и со вперен пиштол кон вработените ги побарале парите од прометот, по што извршиле пребарување во фиоките. Притоа, противправно одзеле 23.563 денари и жетони во износ од 2.940 денари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.