На својот фејсбук профил штипјанец споделил ксенофобичен и расистички материјал, при ОЈО Штип поднесе кривична пријава против него, информира МВР.
СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријавa против 20 – годишниот С.Ш. од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г став 1 од Кривичниот законик.
На 16.03.2019 година, пријавениот на неговиот фејсбук профил објавил коментар и слика со кои ширел расистички и ксенофобичен материјал и поттикнувал омраза и насилство, информира МВР во дневниот билтен.