Стружанец на Инстаграм објавил лични податоци од семејство, со содржина дека се заболени со коронавирус, јави МВР.
– Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.Ж. (49) од Струга. Тој на 12 април, на социјалната мрежа Инстаграм објавил и јавно споделил фотографии со лични податоци од членови на едно семејство со содржина дека биле инфицирани со коронавирус – соопшти МВР.