Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лоциран на скопскиот булевар „Партизански одреди“ откако добиле дојава дека истиот работи и покрај забраната, воведена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
При контролата било констатирано дека објектот навистина работи, а во него биле затекнати сопственикот Ф.Б. (35) од Скопје и уште шест лица.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи.