Против 23-годишно лице од Охрид поднесена е кривична пријава за узурпација на недвижности.
Тој во својство на управител и сопственик на компанија од Охрид, без да поседува одобрение за поставување урбана опрема на јавна површина, пред својата пицерија на улицата Бранко Шотра во Охрид поставил урбана опрема, со што извршил узурпација на јавна површина, јавуваат од полицијата.
Пријавениот не го почитувал решението на општинскиот комунален инспектор при Општина Охрид за отстранување на урбаната опрема, велат од МВР.