Полицијата од Виница поднесе кривична пријава против 71-годишен виничанец поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Како што информираат од МВР, на 5 мај годинава на место викано „Влашки ливади“ во Виница пријавениот запалил стрниште, при што настанал пожар кој се проширил на соседната нива и склад за дрва кој го користи приватна фирма.
Притоа, биле опожарени 227 кубни метри багрем, 99 кубни метри даб и 49,5 кубни метри бор, а оштетени биле и товарни возила, приколка и други средства, со што била причинета материјална штета од 2.055.040 денари.
Во пожарот бил зафатен и деловен објект во сопственост на жител од село Истибања, при што биле оштетени ПВЦ столарија, ѕид и кровната конструкција, со што била причинета материјална штета од 254.450 денари.