Сто и педесет илјади евра се одземени во вчерашниот грабеж во експозитурата на НЛБ банка во Чаир, соопштуваат од Банката.
Вооружениот грабеж се случи вчера во 10.36 часот, при што беа повредени едно лице од обезбедувањето, како и двајца вработени во експозитурата, кои беа полесно повредени и се пуштени на домашно лекување.
Банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.
Експозитурата во Чаир ќе продолжи со работа и да опслужува клиенти од утре.