Косовскиот министер за внатрешни работи, Екрем Мустафа, изјави дека обвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани кога ќе бидат завршени сите законски процедури во Косово.
Властите во Скопје распишаа меѓународна потерница по Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и од Косово побараа овие две лица да бидат екстрадирани во земјава.