Двајца комунални инспектори биле натепани од лица кои фрлале шут на несоодветна локација во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во полиција било пријавено дека на улица Перо Наков биле нападнати В.Т.(50) од Скопје, комунален инспектор во град Скопје и неговиот колега М.Ѓ.(38) од Волково.
Инспекторите забележале четири лица како истовараат шут на наведената локација и ги предупредиле да не го прават тоа, по што биле нападнати, а В.Т. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.