Пред фирма на улицата Скупи, сионоќа, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу О.Б., И.Б., М.М. и М.М.М., вработени во фирмата, од една страна, и М.Ш. со неколку други лица, од друга страна.
– Според пријавеното, во физичката пресметка биле користени тврди предмети, а во еден момент О.Б. испукал еден куршум во воздух, по што го вперил пиштолот кон М.Ш.. При пресметката, со тешки телесни повреди се здобил М.М., констатирани во болницата ‘Св.Наум Охридски’, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош – велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.