Мобилен телефон, нотес и кожна чанта од марката „луј витон” биле одземени од домот на Катица Јанева во Скопје, при претресот за истрагата за „Рекет“, беше посочено на судењето за предметот кое е во тек.
Од нејзината канцеларија во СЈО биле одземени лаптоп, двд-плеер, неколку УСБ уреди и два надворешни хард диска.
Покрај личните предмети одземени се и неколку парчиња мебел, една аголна гарнитура, две фотелји и една дрвена маса, според обвинителката Ивана Трајчевска.