Две лица од Долно Свиларе се приведени во полициската станица во Сарај бидејќи кај нив се пронајдени кокаин, куршуми и марихуана.
При претрес во викенд куќата на С.М. (33) пронајдени се едно пакување кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин, а во домот на Ф.С. (21) најдени се куршуми и марихуана.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.