Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул. МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница ги приведоа С.Х. (44) од Боизенбург, Германија кој се барал за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за измами и пирамидални шеми со измами, како и истрага за недозволена трговија со дрога и фалсификување.
При приведувањето, кај С.Х. биле пронајдени четири пасоши на германски државјани и други предмети, а со С.Х. биле затекнати и две малолетнички на возраст од 10 години, по кои германската полиција трагала како исчезнати лица. Една од малолетничките е ќерка на приведениот, а која од нејзината мајка била пријавена за исчезната во Германија. По трите лица Интерпол трага од 22.02.2018 година, соопшти полицијата.