Државјанин на Србија е приведен откако во неговото возило биле пронајдени 12 мигранти од Сирија.
Според информациите на полицијата, станува збор за 35-годишен жител на Врање, кој бил сопрен на регионалниот пат село Давидово – Гевгелија.
Тој е однесен во полициска станица за понатамошна постапка.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и се работи на расчистување на настанот.