Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, е спроведена во затворот „Идризово“ на отслужување на седумгодишната затворска казна за случајот „Рекет“.
Гевгелискиот суд денеска издал налог за спровод на Јанева од куќен притвор во затворот „Идризово“.
Синоќа во „Идризово“ беше спроведен и Бојан Јовановски кој е осуден на деветгодишна затворска казна за „Рекет“.
Апелациониот суд претходно ги потврди затворските казни на Јанева и на Јовановски, со што пресудата за „Рекет“ стана правосилна.