Бизнисменот Орце Камчев во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и до обвинителката Лиле Стефанова, објавуваат повеќе медиуми повикувајќи се на извори во Обвинителството.
Според Камчев, Јанева создала група во која наводно членувале нејзиниот син и обвинителката Стефанова, за да се здобијат со имотна корист и да го оштетат.
Камчев е осомничен во истрагата „Империја“, што ја отвори СЈО, а по преземањето на предметите во републичкото обвинителство тој случај и понатаму го истражува обвинителката Лиле Стефанова.