Камион „Мерцедес спринтер“ вчера на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје удрило во 77-годишна жена, пешак.
Скопјанката Н.И. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.