Камион со бугарски национални ознаки со 25 мигранти излетал од патот Свети Николе – Куманово, во близина на село Градиште. Со повреди се здобиле сите 25 лица кои биле пренесени во болница.
Според информациите на МВР, несреќата се случила утринава околу 06:45 часот. Во возилото биле пронајдени 25 мигранти, од кои 15 државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак. Седум биле малолетни лица.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.