Синоќа околу 23 часот на улицата „Васко Карангелевски“ од страна на непознати лица било скршено едно стакло од автобус „Неоплан“ , во кој се превезувале кошаркари на Кошаркарскиот клуб „МЗТ“- Скопје кои се враќале од натпревар од Гостивар.
Нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.