За прекршување на сообраќајните правила на територијата на град Скопје изречени се вкупно 191 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 42, за возење без возачка дозвола кзнети биле 11 возачи а четири добиле казни за возач почетник.
Биле изречени 10 санкции за користење мобилен телефон, пет за минување на црвено светло, три за некористење сигурносен појас и 68 казни за непрописно паркирани возила.
Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.