Полицијата вчера казнила 796 лица за неносење заштитна маска, што е законска обврска од 1 мај.
– Во текот на изминатото деноноќие (19/20.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 796 прекршоци – соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.