Полицијата вчера казнила 650 лица за неносење маски.
– Во текот на изминатото деноноќие (05/06.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 650 прекршоци – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.