Полицијата вчера казни 243 возачи во Скопје, од кои 56 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 53 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 24 за возење без возачка дозвола. Изречени се 14 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење на мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 50 за непрописно паркирање“, соопшти МВР.
Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.