Полицијата вчера казни 150 возачи во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24, 11 санкции за непрописно престигнување и обиколување, 24 за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила.Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет прекршоци што ги чинат пешаците, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 37 мерки за непрописно паркирање – велат од МВР.
Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.