Синоќа околу 23:20 часот во касарна “Страшо Пинџур” вработен кој бил во дежурната служба забележал патничко моторно возило “Форд галакси” со романски регистарски ознаки, во кое биле две лица и истото запрело во близина на касарната.
По кратко време од возилото излегло едно лице кое со две кучиња влегло во просторот на касарната. Во обид да биде легитимиран од страна на дежурниот, кучињата станале агресивни, по што дежурниот испукал еден предупредувачки куршум во воздух.
Лицата се приведени, при што е утврдено дека се работи за М.Д.Б.Д.(22) и Н.М.А(23) двајцата од Франција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот