Патник кој се возел во автобус на ЈСП пријавил дека бил навредуван и физички нападнат од контролор.
-Во Полициската станица Драчево вчера во 11.00 часот, Г.М.(56) од скопското село Марино, пријавил дека истиот ден во 07.20 часот во автобус на ЈСП Скопје бил навредуван и физички нападнат од страна на контролор во ЈСП – информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.