Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, изјави дека Интерпол повеќе од два месеца одбива да ја објави меѓународната потерница за бегалецот Никола Груевски и за бегалецот во Солун, Никола Бошкоски. Двајцата се осомничени како организатори на крвавиот упад во Собранието, во 2017 година.
Таа рече дека не ѝ се познати причините зошто седиштето на Интерпол не ги објавува потерниците. Рече дека добила документација од Албанија во истрагата за бегството на Никола Груевски.
-Седиштето на Интерпол одбива да ја објави потерницата, а не даваат образложение. За пет лица кои беа обвинсти во претходниот предмет, без проблем потерниците беа објавени, а се работи за исто кривично дело- кажа обвинителката Русковска пред новинарите.