Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 2 од Кривичниот законик.
-Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – даночно одделение Кавадарци, побарала парични средства од сметководител на правно лице од Неготино. Обвинетата која вршела контрола во правното лице, побарала да и бидат дадени 1.000 евра за да не сочини Записник од извршената контрола во кој ќе констатира неправилности во работењето на правното лице- наведуваат од ОЈО Скопје.
Барајќи поткуп, обвинетата ги условувала оштетените дека доколку не и биде исплатена побараната сума, поради неправилностите кои ќе им бидат констатирани во записникот, правното лице и одговорното лице ќе треба да платат парична казна од многу повисок износ.