85-годишен пензионер вчера бил измамен од непознат сторител и останал без пензија.
-Вчера во 14.30 часот во Полициска станица Гази Баба Љ.М.(85) од Скопје пријавил дека околу 09.15 часот на улица “Маџари” од страна на непознат сторител извршена му е измама, со што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 18.300 денари. Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако пријавителот ја подигнал пензијата од банка тргнал кон пазарот при што сторителот го застанал и му рекол дека е направена грешка во банката, по што тргнале назад- информираат од МВР.
На семафорите сторителот му рекол да почека тука, бидејќи бил стар тој ќе одел да заврши работа со парите и ќе се врател, по што не се вратил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.