Скопјанка на возраст од 78 години во попладневните часови на 24 август во полиција пријавила дека била измамена од едно лице за сума 1.400 евра и 30.000 денари.
Според пријавеното, околу 10 часот од непознат број ѝ се јавило лицето и ѝ рекло дека нејзината ќерка и нејзиниот партнер предизвикале сообраќајна незгода во која бил повреден мигрант, а дека и ќерка ѝ е тешко повредена.
Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека треба да плати 25.000 евра за да ја спаси ќерка си од одговорност. Според пријавата, потоа тие се сретнале и му ги дала парите.
Полицијата работи на расчистување на случајот.