Неколку вагони од товарен воз излетаа кај Куманово, за среќа повредeни нема. Како што информира полицијата, ноќеска во 01.50 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Романовце, во близина на патниот премин кај селото Черкези, неколку вагони излетале до пругата.
Товарниот воз сообраќал на релација железничка станица Табановце – железничка станица Трубарево.
Нема повредени лица и била нанесена само материјална штета. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.