Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, вчера лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски инспектор од Скопје и ја известило дека наводно нејзината внука предизвикала сообраќајна незгода во која загинало осумгодишно дете и за да не оди во затвор ѝ побарал 2.000 евра, кои требала да ги даде на лице кое веќе тргнало кон Свети Николе.
Исто така, според пријавеното, околу 12:15 часот пред нејзината куќа со такси возило дошло непознато лице кое ги зело парите.
Потоа пријавителката сфатила дека била измамена и го пријавила случајот во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.