Едно лице загина во пожар кој избувнал синоќа во куќа во велешката населба Варналиите.
Според првичните информации, загинал сопственикот на куќата. Куќата што изгорела е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите, со автентична стара велешка архитектура од 19 век.
Пожарот избувнал околу 23 часот. На велешките пожарникари им помагале колеги од Скопје и од соседните градови.