Експлодираше „мерцедесот“ во кој се возел претседателот на Стопанската комора за енергетика Ѓорѓи Манасков, беше објавено на фејсбук-профилот на Стопанската комора за енергетика заедно со фотографии од изгореното возило.
Манасков заедно со сопатник се возел на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје Север. Патниците во возилото се неповредени.
На местото на несреќата веднаш реагирале брзата интервентна полиција која била во близина и противпожарната екипа, но автомобилот целосно изгорел за неполни три минути. Причините за несреќата се непознати.