Изгаснат е пожарот над беровското село Будинарци. Пожарот стигнал до првиот пункт за вода пред да биде локализиран, како што соопшти градоначалникот на Општина Берово, Ѕвонко Пеќевски.
– Акцијата успешно заврши околу 13.30 часот. Целта ни беше да го спасим Будинарци, бидејќи пожарот беше доста близу до селото. Моментно нема опасност од негово проширување – изјави Пеќевски.
Во гаснењето на огнот учествуваа пожарникари од Словенија и од Австрија, 40 војници и хеликоптер на АРМ, како и вработени од ЕВН и од шумските стопанства.
Екипите и понатаму се на терен и ќе ја надгледуваат ситуацијата.