Пожарот што избувна околу 11.30 часот во кујната на градската кафеана „Рустикана“ во скопската населба Тафталиџе (веднаш до згрдата на Катастарот), на улица Дрезденска, со молскавична реакција на противпожарните екипи и на припадниците на полицијата брзо беше локализиран и изгаснат.
Материјална штета има, но за среќа нема повредени, во инцидентот што се случил во кафеаната, која поради карантинот не работела скоро два месеци.
За брзото гаснење придонеле и екипите на скопски Водовод што биле во близина и веднаш реагирале.
Граѓаните што се собраа да видат што се случува, откако ги слушнаа сирените на пожарните возила, ги пофалија пожртвуваните и екипирани пожарникари кои многу брзо регираа и за среќа се мина без поголеми последици. М.Т.