Локализирани се пожарите кои настанаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата.
До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и Рашче дојде вчера, пришто била зафатена нискостеблеста шума. Околу 21.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Вчера напладне во полициското одделение Сарај било пријавено дека настанал пожар кај селото Кондово. Во пожарот била зафатена борова шума. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.