Извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се очекува денеска да влезе во собраниска процедура.
Претседателот на Советот, Ацо Колевски, рече дека извештајот е испратен до Собранието и дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на Јанева, која е во притвор како осомничена за случајот „Рекет“.
Претседателот на собраниската Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева.
Неизвесно е дали расправата на комисијата ќе се одвива зад затворени врати поради сензитивноста на судските постапки на СЈО кои се во тек.