Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски е уапсен денескa во Софија, Бугарија. Поранешниот специјалец Спасов е лоциран и приведен попладнето и ќе биде во екстрадициски притвор.
Министерството за правда ќе треба да почне постапка за негова ектрадиција во земјата, а на бугарските правосудни органи ќе треба да им бидат испратени сите докази и пресудата за убиството на Мартин Нешковски, за кое Спасов доби казна од 14 години затвор.
На 30 октомври МВР распиша потерница по Спасов.