Иако ги има и се присутни кражбите на тутун во прилепско, сепак нема некоја голема бројка информираат од СВР Битола. Имено според нивните податоци во јули годинава биле регистрирани вкупно 10 вакви настани, а во текот на овој месец три, за кои се земени Записници за примање на Кривична пријава, а за еден настан е извршен увид.

Од СВР Битола информираат и дека се превземаат оперативно-тактички мерки за откривање на сторителите.

-Од страна на НК за КР Прилеп – СВР Битола во текот на 2017 година расветлено е едно кривично дело „Тешка кражба“ на тутун и поднесена е соодветна Кривична пријава, додека пак во текот на 2018 години расветлени се три кривични дела „Тешка кражба“ на тутун со поголема материјална штета, за кои е поднесена соодветна Кривична пријава – додаваат од СВР Битола.

Од прилепската полиција и со апал до граѓаните кои имаат поставено скелиња со низи тутун на необезбедени јавни површини да превземат превентивни мерки и активности со цел нивно обезбедување.

Ка.М.