Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 138 километри јужно од Скопје, во соседна Грција.

Земјотресот се случил во 6.48 часот со локална Рихтерова магнитуда од 3,1 степени. Потресот е почуствуван во јужните делови од државава со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.