Вчера во 14 часот во СВР Скопје, Т. П. (56) од с. Ногаевци пријавил дека на 12.9.2020 бил измамен од едно лице. Според пријавеното, околу 10.30 часот, на Д. С. (29) од с. Ногаевци, општина Градско, му се јавило едно лице, кое се претставило како А. Н., наводно вработен во затворот во Шуто Оризари и му кажалo дека ако плателе пари, можел да помогне В. П. да излезе од затвор.
Парите му биле исплатени на измамникот, а кога и по 10 дена немало ништо од ослободувањето на В. П., тој настанот го пријавил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.